Синоќа околу 23 часот, на регионалниот пат Тетово – село Радиовце, Н.И. (52) од село Милетино, управувајки патничко возило „Хјундаи“ со тетовски регистарски таблички, излетал од патот и удрил во дрво. Од здобиените повреди Н.И. починал на лице место. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местотo на трагичниот настан извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.



