среда, 25 ноември 2026
Најново

Во тешка сообраќајка на патот Неготино – Демир Капија загинаа двајцата возачи

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, изврши увид на регионалниот пат Неготино – Демир Капија каде вчера се случи тешка сообраќајна несреќа во која две лица го загубија животот.
Според првичните сознанија, несреќата се случила во 13.30 часот во близина на село Тремник, при директен судар на две патнички моторни возила кои се движеле по спротивни коловозни ленти. Во моментот на несреќата од здобиените тешки повреди животот го загубил 40-годишниот возач на автомобилот „хјундаи”, жител на село Тремник. На пат кон медицинска установа, на повредите подлегнал и возачот на автомобилот „голф 3″​ , 51-годишен жител на Неготино.
По наредба на јавниот обвинител телата на починатите се предадени за обдукција, а на местото на несреќата е извршен увид за да се утврдат причините за несреќата, информираат од ОЈО Кавадарци.

Поврзани вести