Иако денес во Токио беа измерени 25 степени Целзиусови, сепак за време на натпреварот на кануа во правилни навеви паѓаше снег. Не се работи за чудно време, туку за тестирање на последната иновација на организаторот на Олимписките игри што следната година ќе се одржат во Токио. Имајќи го во предвид фактот дека организаторите очекуваат температурата за време на одржувањето на игрите да изнесува над 30 степени, тие испробуваат разни методи за разладување на публиката.