Во училиште можат да се запишат единствено деца кои се вакцинирани и за тоа имаат соодветен документ/потврда

Фејсбук статус на министерот за здравство, Венко Филипче:
“На денешната 135 седница, Влада на Република Северна Македонија донесе заклучок во било кое училиште да можат да се запишат единствено деца кои се вакцинирани и за тоа имаат соодветен документ/потврда. Во сите училишта да се примаат пријавите за упис во училиштата и на оние деца кои не се вакцинирани, но да не се врши упис на истите се додека не биде приложен соодветен документ/потврда за вакцинација.
Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во Република Северна Македонија изнесува 24.023. Во Скопје, бројот на вакцинирани деца изнесува 13,684 од вкупно 16,361 невакцинирани деца. Од останатиот дел од државата, бројот на вакцинирани деца до 14 години со МРП вакцина изнесува 10,339 деца. Само со стапка на вакцинација на над 95%, ќе обезбедиме колективен имунитет и ќе биде оневозможено ширењето на вирусот меѓу популацијата.
Здравствените установи не смеат да издаваат потврди ако детето не ги примило задолжителните вакцини. Потврдите кои се приложуваат при упис на дете во основно училиште се издаваат во здравствените домови каде што има вакцинални пунктови и истите се бесплатни.“

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.