Во Финска продолжено породилното отсуство за татковците

Финската Влада, предводена од најмладата премиерка на светот, 34-годишната Сана Марин, планира измени на законот со кој двојно ќе се зголеми должината на платеното породилно отсуство за татковците.
Со овие законски одредби и татковците и мајките ќе имаат еднакво право на платено породилно отсуство, соопштија денеска властите во Хелсинки.


Новата Влада, составена од пет парламентарни партии предводени од жени, планира да го удвои времето на платено породилно отсуство на татковците за своето прво дете на седум месеци, исто како за мајките.
На бремените жени дополнително ќе им биде овозможено едномесечно породилно отсуство од работа непосредно пред терминот за раѓање.
Министерката за здравство и социјални прашања Аино Каиса Пеконен појасни дека целта на овие „радикални реформи“ е истовремено да се подобри родовата рамноправност и да се зголеми наталитетот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.