Во Франција се намалува бројот на смртни случаи од коронавирусот

Во текот на изминатите 24 часа во Франција починаа 516 лица од последици од новиот коронавирус Ковид-19, ова е најниска дневна бројка на смртни случаи од пред еден месец.
Покрај намалувањето на дневниот биланс на смртни случаи, се намалува и бројот на пациентите, кои се на интензивна нега, односно 4.725 лица се во тешка здравствена состојба.
Во моментов на болничко лекување се наоѓаат 28.222 луѓе.
Во Франција досега од последици од Ковид-19 починаа 21.856 лица.

Ново светско жариште на КОРОНА ВИРУСОТ станува Бразил, болниците се веќе преполни

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.