Приближно околу 200 илјади Французи живеат во заедница со лице од ист пол, а десет отсто од тие двојки имаат и дете, покажа истражувањето на Националниот институт за статистика Inseе објавено во четвртокот, откако претходно во вторникот пратениците во Националното собрание (долниот дом) го усвоија законот кој дозволува склучување истополови бракови и таквите двојки да може да посвојуваат деца.Истражувањето што било спроведено во 2001 година покажало дека на приближно 32 милиони лица кои се изјасниле дека живеат во двојка, околу 200 илјади, или 0,6 отсто, навеле дека партнерот име е од ист пол. Според институтот, „значи дека има околу 100 илјади истополови двојки , а од тоа 60 отсто се машки двојки“.Меѓу лицата од различен пол кои живеат во заедница, 72 отсто се изјасниле дека се венчани и дека делат ист стан со партнерот.Истражувањето на институтот Insee покажува дека лицата коишто живеат во истополови заедници се во просек помлади од другите двојки.Околу десет проценти од истополовите двојки живеат со дете кое го декларираат како свое, дете на партнерот или заедничко дете, наспроти 53 отсто испитаници од двојките од различен пол.Осумдесет отсто од случаите кај истополовите заедници со деца, ги сочинуваат женските двојки.Пратениците во Националното собрание во вторникот со големо мнозинство кое потекнува од левичарските сили го усвоија нацрт законот за легализација на бракот кај истополовите двојки и можност тие да посвојуваат деца. Ова треба да го разгледа и горниот дом на парламентот – Сенатот, на почетокот од април, а противниците на законот кои ја имаат поддршката од десницата и католичката црква веќе најавија нови масовни протести низ цела Франција.
МакфаксПриближно околу 200 илјади Французи живеат во заедница со лице од ист пол, а десет отсто од тие двојки имаат и д