Во Хавана избран најдобриот сомелиер во светот за кубански пури

Најдобриот сомелиер за кубански пури (Habanosommelier), кој е избран во саботата навечер во кубанската престолнина Хавана, е Кубанецот Педро Техеда, кој работи во познатиот ресторан „Bodeguita del Medio“, второто место му припадна на Венецуелецот Хозе Переира а трет е Англичанецот Питер Добронти.Натпреварот за сомелиер, кој ја нуди најдобрата комбинација од пури со алкохолни пијалаци и храна, се одржа во рамките на XV Меѓународен фестивал на пурите кој траеше пет дена во главниот град на Куба. Победникот на другиот натпревар во рамките на манифестацијата ткн дегустацијата на пури „на слепо“, исто така, е Кубанец, Осирис Арамас од ресторанот „Barca“ во Стара Хавана.На гала вечерта која заврши доцна ноќта кон неделата, исто така, биле прогласени и добитниците на „пура“ наградите во сферата на рекламирањето, бизнисот и медиумите. Гостите на фестивалот ги забавувале најдобрите кубански актери и танчари, меѓу кои познатата кубанска пејачка 83-годишната Омара Портуондо и италијански тенор Дарио Балзанели, ученик на славниот Лучијано Павароти. Учесниците на „фестивалот на чадот“ можеле да уживаат во вкусот и аромата на пурите од брендот Partagas Gran Reserva од реколтата од 2007 година. Од овој вид habanos биле направени само пет илјади кутии со по 15 пури во секоја.Завршниот настан на манифестацијата беше аукцијата на хумидори (humidors) (специјална кутија со влага за чување на пурите). Цената на многу хумидори коишто се направени од скапоцени дрва инкрустирани со благородни метали, па претставуваат вистински уметнички дела, надминала 100 илјади евра. Сите приходи од аукцијата ќе бидат искористени, како и претходните години, за кубанскиот здравствен систем.Фестивалот на кубанските пури собра околу 1.500 претставници на тутунската индустрија, како и експерти од 70 земји. Почесен гостин на фестивалот беше поранешниот најдобар светски тенисер Борис Бекер. Во рамките на манифестацијата, врвните хрватски готвачи Гргур Бакшиќ, Зоран Шимуниќ и Пантелија Пекиќ, подготвуваа разни специјалитети, јадења од месо и риба, десерти и пијалаци, во чијашто подготовка употребуваа тутун. Италијанската компанија „Alina International“ и светски познатиот слаткар Бруно Лучијано им презентираа на гурманите за пури и сладолед со никотин.Главни потрошувачи на кубанските пури, кои се достапни во 150 земји, се Шпанија, Франција и Кина.
МакфаксНајдобриот сомелиер за кубански пури (Habanosommelier), кој е избран во саботата навечер во кубанската престолни

Пронајдете не на следниве мрежи: