Пред Специјалниот суд во Хаг продолжува судењето на поранешните лидери на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими, кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, јавува Танјуг.
Специјалното обвинителство на 30 септември 2022 година поднесе потврдено дополнето обвинение против Тачи, Весељи, Красниќи и Сељими во 10 точки, во кое ги товари за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во незаконски притвори спроведени од ОВК во Косово и Албанија.
Тие се обвинети за неправедно лишување од слобода, мачење и убивање на луѓето.
Во обвинението се наведува дека воените злосторства и злосторствата против човештвото за кои се товарат биле извршени од март 1998 до септември 1999 година во 42 нелегални притворски центри на ОВК во Косово и Албанија над најмалку 407 приведени, од кои најмалку 98 се убиени.
Судската постапка за овој случај започна на 3 април 2023 година.
Специјализираното обвинителство во Хаг претходно соопшти дека има повеќе од 300 сведоци кои ќе дадат изјави во текот на оваа судска постапка.