Професорката по психологија Кетин Со, направи робот кој им помага на децата со аутизам да развијат социјални вештини.
Роботот е развиен во рамките на програмата која е поддржана од невладини организации и училиштата во Хонгконг. Употреблив е за деца со аутизам од три до 18 години, а им помага да се носат со секојдневните предизвици и проблеми, меѓу кои конфликтите и малтретирањето.
Со, која е професорка на Кинескиот универзитет во Хонконг за британската новинска агенција „Ројтерс“ изјави дека споменатата програма се применува од 2015-та година кај повеќе од 1,200 деца.
„Лицата со аутизам се помалку мотивирани за интеракција со другите луѓе и се хиперсензитивни на опкружувањето во кое што живеат. Поради тоа, ние користиме роботи кои ги подучуваат на социјални вештини, а се со цел да се намали нивната анксиозност“, објаснува професорката Со.
Роботите си играат со децата и така ги поттикнуваат на вербална интеракција. За време на едукацијата се користат два роботи кои на децата им помагаат да ја сфатат разликата помеѓу примерното и непримерното однесување.
После едукацијата со помош на роботите, децата се охрабруваат да ги користат вештините, а целиот процес го следи ментор.