Во Хрватска денес се отвараат базените

Бројот на нови случаи во Република Хрватска во последните 24 часа е два, со што вкупниот број на заболени од коронавирус е 2.226. Ова е втор ден по ред со само два потврдени случаи во Хрватска.
Досега се тестирани 53.877 лица, од кои 1.019 во последните 24 часа. Има седум помалку хоспитализирани, што значи дека 130 лица се во болница. Од нив 10 пациенти се на респиратор.
Вкупниот број на оздравени е 1.936. Од нив, 728 биле отпуштени од болница, а 1.172 лица закрепнале дома.
Од вчера нема смртни случаи, така што вкупниот број на починати е 95.
Од денес во Хрватска се отвораат базените. Оваа земја пред неколку дена ги отвори и рестораните и кафулињата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.