Во Хрватска повеќе од 1.000 новозаразени со коронавирус, 38 починати

Во Хрватска повеќе од 1.000 новозаразени со коронавирус, 38 починатиОбјавено пред 1 минута – 8 јануари,
Во последните 24 часа евидентирани се 1.098 нови случаи на инфекција, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 5.794. Меѓу нив на болничко лекување се 2.251 пациент, од кои 194 се на апарати за дишење. Починаа 38 лица.
Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, вкупно 217.946 лица се заразени со новиот коронавирус, од кои 4.304 починаа, вкупно 207.848 лица закрепнаа, од кои 1.538 во последните 24 часа.
Во моментов има 18.277 лица во самоизолација.
До денес се тестирани вкупно 1.061.953 лица, од кои 6.742 во последните 24 часа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.