Во Хрватска во последните 24 часа се потврдени 96 нови случаи на зараза со коронавирус, а двајца пациенти починале, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита.
Тоа е досега најголем број на заболени во еден ден, односно како и на 1 април, кога, исто така, биле регистрирани 96 случаи.
Од почетокот на епидемијата, коронавирусот е потврден кај вкупно 3.008 лица, а досега се оздравени 2.168. Вкупниот број на смртни случаи во земјата изнесува 112 луѓе.