Во центарот на Белград Шешељ запали знамиња на ЕУ и НАТО 

Во организација на националистичката Српска радикална партија (СРС) вчера на пладна во центарот на Белград се одржа протестен марш по повод 20-годишнината од почетокот на воздушните напади на НАТО врз поранешна СР Југославија.
Маршот започна од улицата “Кнез Михаилова“ и заврши пред Претседателската палата. Учесниците на маршот ги предводеше лидерот на СРС и осуден воен злосторник од страна на Хашкиот трибунал, Воислав Шешељ, кој на почетокот на собирот запали знамиња на Европската Унија и НАТО.
Со тоа, како што изјави, сакал да покаже што мисли за ЕУ и НАТО.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.