Во центарот на Скопје колабираше момче со шприц во раце

Онесвестено момче лежеше на клупа на плоштадот ВМРО во центарот на Скопје. По дојава од случајни минувачи Брзата помош го транспортираше во болница. Лицето со себе имало и шприц, објави “НетПрес“.
Кратко време по пристигнувањето на лекарската екипа, дошла и полицијата.
Засега не е позната здравствената состојба на момчето, а од МВР се уште немаат никакви информации за случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: