Во Црно море пронајден бродот „Ерменија“, потопен 1941 година од нацистите

Во Црно море пронајден бродот „Ерменија“, потопен 1941 година од нацистите

Местото на кое е потопен бродот „Ерменија“, кого 1941 година го нападна германската авијација, се наоѓа 15 милји од кримскиот брег, соопшти Руското географско друштво во понеделникот, 27 април.

Потонувањето на овој брод се смета за една од најголемите поморски несреќи во историјата. На бродот, според различни процени, се наоѓале од 6 до 10 илјади бегалци и ранети. Во паниката во текот на евакуацијата никој не водел евиденција. Таму имало евакуирани жители на градот, лекари и пациенти од болницата, вработени во пионерскиот камп, како и дел од партиското раководство на Крим.

Како што се наведува во соопштението на Руското географско друштво, тешките оштетувања на бродот укажуваат на тоа дека е погоден со бомби од воздух и се демантираат претпоставките за напад со торпеда.

Според достапните податоци, „Ерменија“ испловил од пристаништето на Севастопол и се закотвил во Балаклава и Јалта. До утрото бродот чекал патници и утовар на роба. На 7 ноември бродот тргнал кон градот Туапсе во придружба на два патролни брода. Неколку часа подоцна го напаѓа непријателска авијација и потонува за четири минути. Преживеале само поединци.

Потрагата по овој потопен брод беше особено интензивна последниве 20 години. За тоа време истражувачите пребараа преку 300 квадратни километри морско дно. Со потрагата се занимаваше Министерството за одбрана на Русија.

Извор

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.