Во Чаир најголем број активни случаи, најмалку во Сопиште

Главниот град и денеска со најголем број новозаболени од Ковид-19, вкупно 63, а од скопските општини Чаир предничи според бројот на активни случаи заразени од коронавирусот – 152, покажува најновата статистика на Министерството за здравство.
Во билансот за состојбата со Ковид-19, што денеска го објави Министерството, регистрирани се 111 новозаболени, а изнесени се и бројките на активни случаи во Скопско.
По Чаир со 152 активни случаи на второ место е Бутел со 59 активни случаи, трета е Гази баба со 58, во Аеродром има 53, во Сарај и Центар по 52.
Во Карпош се регистрирани 40 активни случаи, во Кисела Вода 29, во Арачиново 23, во Студеничани 18, во Ѓорче Петров и Илинден по 17, во Шуто Оризари 12, во Петровец шест, во Чучер Сандево три, во Сопиште два, а за еден случај се уште се утврдува од која општина е.
Со денешниот биланс вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3025, бројката на оздравени пациенти е 1646, на починати е 153, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1226.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.