Во чест на роденденот на кралицата Елизабета Втора, еве како изгледа барбиката со нејзиниот лик

Историскитe 70 години владеење на британската кралица Елизабета Втора, брендот „Барби“ ги одбележи со почесна кукла со нејзиниот лик.
Барбиката во облик на кралицата, е објавена денес, на 96-от роденден на најдолговечниот британски монарх и ќе биде „веднаш препознатлива“, опремена со елегантен фустан (изработен од слонова коска) и сина лента украсена со украси. Ќе има и дијадема по примерот на круната на кралицата Мери, којашто нејзината потомка ја носеше на денот на својата свадба.


Розовата лента на куклата ја претставуваа онаа што на кралицата Елизабета Втора ѝ ја дал нејзиниот татко – кралот Џорџ Шести, а бледо сината – онаа од нејзиниот дедо – Џорџ Петти.


Новата кукла ќе биде поставена во кутија во стил на Бакингемската палата, изработена од 3-Д украсна рамка околу фигурата и внатрешен панел што го прикажува престолот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.