Во четврток и петок во Скопје петтата фаза од авионска дезинсекција против комарци

Градот Скопје информира дека на 05.09.2019 година (четврток) и 06.09.2019 (петок) во раните утрински часови ќе се изврши петтата фаза од авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, на подрачјето на градот Скопје.
Петтата фаза од терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на Скопје ќе почне на 10.09.2019 година и ќе заврши најдоцна до 14.09.2019 година (од вторник до сабота), во периодот од 23 до 04 часот, наредниот ден.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.