Во Швајцарија баба уби седумгодишно дете

Среде улица во Базел, Швајцарија седумдесет и петгодишна жена со нож смртно го повредила седумгодишниот Мегдим Л., кој се враќал од училиште. Жената го избодела детето и го оставила да лежи во крв на тротоарот. Повреденото дете го пронашла учителка  и повикала итна помош, но лекарите не успеале да го спасат детето.
Жената убиец по кусо време самата се пријавила во полиција. Мотивите за злосторството не се познати.
Мајката секој ден го земала детето од училиште, но тој ден не можела да оди по него бидејќи помалото дете ѝ било болно.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.