Дека во Шведска се живее најубаво во Европа, тоа е заклучено многупати, но вест е дека Швеѓаните имаат најголема исплатена дневница. Ова истражување го правел Федералниот статистички завод на Германија во 2012 година.
Вработените во приватниот сектор во Шведска, во просек, за еден час работа се платени по 41,90 евра, а потоа следат Белгија со 40,40, Данска со 39,50, Франција со 34,90 и Луксембург со 34,40 евра. Во самиот врв уште се и Холандија, Финска, Германија, Австрија и Ирска.
Од десет земји со највисока дневница три се скандинавски – Шведска, Данска и Финска, што значи дека во овој дел на Европа работниците најмногу се платени за својата работа.
На крајот на табелата е Бугарија , каде што работниците во приватниот сектор за еден час работа добиваат 3,70 евра. Додека во Романија еден час работа се наплаќа 4,50 евра, во Литванија 5,80, Летонија 6,20 и Полска со 7,20 евра.Работниците во Шведска примаат 13 пати поголема дневница од работниците во Велика Британија. Просекот на висината на дневницата по еден час во ЕУ е 23,50 евра.
Во Македонија, пак според „Службен весник на РМ“ дневница за осум часа е 800 денари.Дека во Шведска се живее најубаво во Европа, тоа е заклучено многупати, но вест е дека Швеѓаните имаат најголема испла