Во Шведска ќе се гласа по пат на интернет

Швеѓаните во иднина ќе гласаат по пат на интернет и ќе нема потреба да излезат на биралишта, соопшти шведскиот парламент.

Online учество во изборниот процес во Шведска може да почне веќе од 2018 година.
 Доколку тестот помине добро, следен чекор е воведувањето на дигитално гласање за изборите кои ќе бидат одржани во 2022 година, објаснува Били Густафсон, пратеник на социјалдемократите во парламентот.
 Норвешка и Финска веќе го тестираа гласањето преку интернет, а Швеѓаните не сакаат да заостануваат зад своите соседи.
 Сите веруваат дека е крајно време претставничката демократија да влезе во дигитално доба.
 Гласањето преку интернет значително ќе ја олесни ситуацијата за бирачите кои на денот на изборите се во странство, како и за постарите лица и инвалидите на кои им е тешко да дојдат до избирачките места.
 Се очекува и воведувањето на интернет-гласање значително да ја зголеми излезноста.
 Но, некои политичари ги гледаат и маните на таквото гласање.
 Пратеникот од `зелените` Макс Андерсон тврди дека голем проблем може да претставува тајноста во гласањето, затоа што постои ризик некои луѓе да бидат присилени да гласаат на одреден начин, на пример, под влијание на членовите на семејството, смета Андерсон.
Макфакс
Швеѓаните во иднина ќе гласаат по пат на интернет и ќе нема потреба да излезат на биралишта, соопшти шведскиот парламе

Пронајдете не на следниве мрежи: