Во Шпанија уапсени 17 членови на „албанскиот картел“ со 820 килограми кокаин

Шпанската полиција заплени повеќе од 820 килограми кокаин во Валенсија и уапси 17 членови на „албанскиот картел“ кои имаат контакти во Латинска Америка, Европа и Дубаи.

„Во осум одвоени акции, покрај кокаин, шпанската полиција запленила и 226.500 евра, три ГПС уреди за следење, 13 возила и бројни други докази“, соопшти полицијата.

Полицијата наведува дека организирана криминална група по потекло од Албанија користела перална за автомобили како база каде членовите на групата добивале задачи и инструкции.

„Групата е поврзана со меѓународен шверц на кокаин на истокот на Шпанија и е една од најголемите и најактивните во земјата“, истакнуваат од шпанската полиција.

Полицијата за групата дознала во 2023 година, кога биле откриени случаи на шверц на големи количества кокаин и перење пари.

Пронајдете не на следниве мрежи: