Жителка на скопската населба Шуто Оризари синоќа била убиена, објави 24 Инфо. Според извори од истрагата, убиството се случило вечерта околу 22:30 часот. Триесет и едногодишната жена настрадала во тепачка меѓу двајца братучеди. Тие почнале межусебна расправија додека седеле и пиеле во дворот на едниот од нив.
Едниот братучед заминал и се вратил со нож, а сопругата на едниот од братучедите се обидела да ги смири и раздвои. При тоа во гужвата налетала на ножот и загинала на самото место. По убиството интервенирала полицијата и ги привела братучедите.
Од МВР го потврдија убиството, а според полицијата приведени се две лица. Повеќе детали се најавуваат во текот на денешниот ден.