Во 116 земји Интерпол заплени 500 тони лажни лекови

Во координирани полициски акции, спроведени во 116 земји запленети се 500 тони недозволени фармацевтски производи достапни на Интернет. Ова е втора акција за запленување на лекови што Интерпол ја спорведе месецов. Лажните лекови се против рак и против болки, соопшти „Интерпол“.
Како што е наведено, операцијата под името „Pangea XI“ доведе до 859 апсења ширум светот и запленети фармацевтски производи во вредност од околу 14 милиони долари кои се потенцијално опасни, пренесе „Ројтерс“.
„Се фокусиравме на услугите на достава кои ги организираа криминални мрежи и во рамки на операцијата укинати се 3,671 линк, вклучувајќи сајтови, страници на социјалните мрежи и онлајн пазарот“, наведе „Интерпол“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.