Во 15 сообраќајки во Скопје повредени 19 лица

Деветнаесет лица се здобиле со лесни телесни повреди во 10 сообраќајни незгоди од вкупно 15 што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во пет сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.Според податоците на СВР Скопје, од сообраќај се исклучени 25 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, еден возач кој возел под дејство на алкохол, 13 возачи пред да стекнат со правото на управување на моторно возило, еден возач почетник и 14 нерегистрирани возила.
Санционирани се и осум возачи за неносење на сигурносен појас и седум возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле.
За непрописно паркирање се издадени 77 казни, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 84 возила.
Санкционирани се 14 пешачи кои поминале коловоз подалеку од пешачки премин, четири возачи кои поминале крстосница на црвено светло, четири возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, шест за неправилно престорјување и еден за неправилно престигнување.
Казнети се и четворица возачи за некористење заштитен шлем додека возеле мотор, мопед или мотоцикл.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK