Во 1995 година, Стив Џобс ја открил својата најважна работна навика: Ова ќе ви го промени животот!

И покрај сите тешкотии, проблеми и тешката борба против ракот, Џобс верувал дека за успехот е потребна само една работа, која што секогаш е поврзана со целта.
Во 1995 година, Стив Џобс ја открил својата најважна работна навика: Ова ќе ви го промени животот!
Во 1995 година, за време на интервју, еден новинар го прашал Стив Џобс за тоа кој е клучниот фактор за неговиот успех и според што се разликува успешниот од неуспешниот бизнисмен. Одговорот на Стив бил едноставен: Упорност. Екстремна упорност.
И покрај сите тешкотии, проблеми, пречки и исцрпувачката борба против ракот, Џобс добро знаел дека за успех е потребна само една работа, која секогаш е поврзана со целта, а тоа е упорноста. Таа не дозволува човек да се предаде!


„Ако основавте семејство веднаш штом го започнавте бизнисот, тогаш не можам да замислам како успевате да ги комбинирате нештата. Јас знам дека тоа некако функционира, но е многу тешко. Тоа е како да работите 18 часа на ден, 7 дена во неделата. И, ако вам тоа не ве прави среќни, вие едноставно нема да можете да преживеете. На крајот, само ќе се откажете од сè.“, изјавил Џобс.
„Слушнав нешто Бил Гејтс еднаш го рекол: ˋВо 20-тите години, навистина работев напорно.ˊ И јас разбирам што мислел со тоа, затоа што во 20-тите години јас го правев сосема истото. Да бидеме попрецизни: 7 дена во неделата од утро до вечер. И тоа е во ред, затоа што тој вид распоред ви дава време да направите навистина многу. Но, тоа не може да трае вечно, а вие нема да го сакате тоа. Затоа, треба веднаш да ги идентификувате најважните области и да работите на нив уште повеќе.”.
Во последните години од неговиот живот, Џобс сфатил што е најважно во светот на информатичката технологија. И тој ја споделил својата замисла за тоа со сите. Неговите зборови станаа едни од најцитираните, а и денес ги користат успешните директори.
„Нема смисла да ангажираме паметни луѓе и да им кажуваме што да прават. Ние ги избираме така што тие ни кажуваат што треба да се направи”, изјавил Стив Џобс.
Со други зборови, каде и да работите – во банка, ИТ компанија или болница – ангажирајте најкомпетентни вработени и оставете ги да си ја вршат својата работа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.