Во 2019 година ќе имаме 9 продолжени викенди

Во 2019-та ќе имаме 7 продолжени викенди поради државни празници, односно 9 продолжени викенди заедно со верските празници кои ги празнуваат христијанските верници.
Првото патување може да го планирате за „Божиќ“. Тогаш имаме продолжен викенд од три споени денови.
Вториот продолжен викенд е за „Велигден“ кога заедно со викендот имаме четири неработени денови . Овој продолжен викенд е последниот викенд во април. Петок е неработен само за православните верници, а понеделник за сите граѓани на Македонија.
Денот на словенските просветители „Кирил и Методиј“ е 24 мај и тој се празнува пред викенд со што го добиваме третиот продолжен викенд.
„Разан Бајрам“ следната година се празнува на 4 јуни – вторник.
Следниот, петти продолжен викенд е за верскиот празник „Духови“ кои следната година година според верскиот календар се празнува на 14 јуни – петок. Овој ден е неработен само за православните верници во Македонија.


Државниот празник „Илинден“ следната година се паѓа во петок. Тоа е шестиот продолжен викенд за 2019 година.
„Денот на независност на Македонија – 8 септември“ следната година се паѓа во недела со што преместува за понеделник (9 септември) и тоа е седмиот продолжен викенд во годината.
„Денот не револуционерното востание“ се празнува на 11 октомври и истиот следната година се паѓа во петок со што граѓаните го добиваат осмиот продолжен викенд.
Деветиот продолжен викенд е Денот на словенски писател и просветител, Климент Охридски. Овој државен празник се паѓа на 8 декември (недела) и истиот се преместува за понеделник. Со тоа се добива деветиот продолжен викенд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.