Во 2024 година, 1,2 милиони луѓе стекнале државјанство на земјите од Европската Унија во кои живеат, што е зголемување од 11,6 проценти во споредба со 2023 година, објави во петок Европската канцеларија за статистика – Евростат.
Како што е наведено, бројот на стекнати државјанства е за 54,5 проценти поголем отколку во 2014 година, кога државјанство им беше доделено на 762.100 лица. Најголем број граѓани, четвртина од вкупниот број, во 2024 година стекнале државјанство во Германија (288.700), петтина станале државјани на Шпанија (252.500) и речиси петтина од Италија (217.400).
Како што е наведено, 88 лица кои стекнале државјанство потекнуваат од земји кои не се членки на ЕУ, а 10,6 проценти потекнуваат од други земји од ЕУ.
Најголем број лица кои стекнале државјанство на ЕУ се од Сирија (110.000), Мароко (97.100) и Албанија (48.000).Шведска е на прво место по стапката на натурализација, каде што во 2024 година, 7,5% од 100 странски државјани добиле државјанство, по што следуваат Италија (4,1), потоа Шпанија и Холандија со стапка од 3,9%.
Литванија доделува најмалку државјанства – 0,1 на 100 странски државјани, по што следуваат Бугарија и Естонија со стапка од 0,3.



