Во ZOO Скопје се роди бебе елен

Зоолошката градина постојано се збогатува со нови животни. Едни се раѓаат таму, друг доѓаат од страна. Бројот на животни постојано се зголемува, а тоа придонесува и за зголемување на посетителите, особено сега во летниот период.

– Ни се роди Лаки. Првото бебе елен лопатар годинава. Лаки е малечок дечко кој сака да ја истражува околината и да трча со останатите елени, а кога ќе се измори, може да го видите во оваа поза, вака Зоолошката на својот Фејсбук профил ја соопшти веста за раѓањето на новиот член.
Се надеваме дека и вие овој продолжен викенд ќе идвоите некој час од своето слободно време и ќе ја посетите Зоолошката градина, ако не заради вас тогаш заради децата. Сигурно ќе се израдуваат, а и барем на кратко ќе се тргнат од таблетите и мобилните телефони.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK