Вработените во Комунален сервис Валандово земаат задоцнети плати и се жалат дека биле оставени без плата за празниците.
– Останавме без плата за празниците, а сѐ уште немаме земено ни октомвриска плата, велат вработени во претпријатието за Инфомакс, а истите разбирливо побараа да останат анонимни.
- СДСМ: Да му ја решиме дилемата на Мицкоски – ние сме за институции – не сме за банда!„Мицкоски кажа дека СДСМ е против сè, а само за марихуана-економија. Кажа… Read more: СДСМ: Да му ја решиме дилемата на Мицкоски – ние сме за институции – не сме за банда!
- Тајван забрзано гради армија од дронови поради притисокот од КинаТајван ја забрзува трансформацијата на својата одбрана и сака беспилотните системи да… Read more: Тајван забрзано гради армија од дронови поради притисокот од Кина
- Променливо облачно со сончеви периоди: максималната температура до 26 степениВремето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во југоисточните делови… Read more: Променливо облачно со сончеви периоди: максималната температура до 26 степени
- Без струја денеска делови од општините Бутел, Шуто Оризари и ИлинденОд ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:… Read more: Без струја денеска делови од општините Бутел, Шуто Оризари и Илинден
- Заменик-директорот на ФБИ поднесе оставка една година по преземањето на функцијатаЗаменик-директорот на Федералното истражно биро (ФБИ), Ендру Бејли, денеска објави дека поднесува… Read more: Заменик-директорот на ФБИ поднесе оставка една година по преземањето на функцијата
Зошто платите доцнат и во каква состојба е Комунален сервис Валандово одговори побаравме од в.д директорот Глигорије Џилвиџиев кој истакна дека вработените секој месец земаат плата, меѓутоа за неколку месеци нназад.
– Доцниме со плата, секоја плата е задоцнета по неколку дена и се создало момент кога сега во декември имаат земено плата за септември. Претходните пролонгирања прават проблеми, вработените секој месец земаат плата но за неколку месеци наназад, вели в.д директорот кој додаде ека откако е назначен на позицијата се труди да ја намали разликата, секој месец да има плата, но и да се подмират останатите трошоци на претпријатието.
– Имаме и останати трошоци, мораме да ги сервисираме граѓаните, а од друга страна не можеме да ги покачиме сметките за да не биде тоа дополнителен терет за граѓаните. Општината исто така ни помогна, минатата година добивме три милиони денари од Општина Валандово но и тие пари се распределени дел за плати, дел за останати тековни трошоци, вели директорот кој додава дека сметката на претпријатието не е блокирана поради добро менаџирање на средствата.
Комунален сервис Валандово, како што кажа и в.д директорот моментално има 40 редовно вработени и во зависност од потребите има и договори за дело. Лицата кои претходно биле ангажирани преку агенција за привремени вработувања потоа биле редовно вработени во претпријатието за да не се издвојуваат дополнителни средства за Агенција.
Пронајдете не на следниве мрежи:



