недела, 29 ноември 2026
Најново

Вработен во МВР со службено возило тешко повредил малолетник

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Возило сопственост на Министерството за внатрешни работи вчера удрило во малолетно лице. Несреќата, се случила во 11.35 часот после кружниот тек од улиците „Коста Новаковиќ“ и „Ангел Димовски“.
-Патничко моторно возило „опел астра“, сопственост на МВР, управувано од Б.Р., удрило во малолетник, кој се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, информираат од Министерството.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје, и Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди.

Поврзани вести