Врачен орденот „Свети Никола“ на поетот Михаил Ренџов

Поетот Михаил Ренџов на свечената академија во соборниот хран „Свети Никола“ го прими орденот „Свети Никола“, што Општина Штип го доделува по повод 19 декември – патрониот празник на градот.

Ренџов истакна дека никогаш се нема откажено од својот роден град, како и од заштитниците на Штип.

-Имам 87 години, тешко ми е да се сконцентирам, посебно во ваков миг на восхит, воодушевување. Благодарам на градоначалникот. Добитник сум на многу награди, признанија, но оваа штипската награда ќе биде на врвот на моите достигнувања, вели Ренџов.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека поетот Ренџов, кој е роден во Штип, низ неговото творештво има голем придонес за афирмација на Штип.

Признанието „19 декември“ им беше  доделено на универзитетската професорка Снежана Мирасчиева, Здружението за лица со посебни потреби „Порака“ и новоотворениот трговски комплекс „Штип Сити Мол“.

Чествувањето на заштитникот на градот Штип продолжува утре со утринска богослужба, литија до Градскиот плоштда „Слобода“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.