Пратеникот Влатко Ѓорчев во вечерашната дебата на телевизија Телма жестоко го критикуваше Законот за амнестија кој според него покажал дека еден човек е и судија и кадија во Македонија, за потоа да каже дека и тој гласал „за“ законот. – Гласав за Законот за амнестија зашто не треба да има поигрување со судбините на тие луѓе. Има актери, оперски пејачи обвинети за тероризам. Јасно е дека амнестијата е за оние кои отворија врати и им се закануваа 15 години затвор, да се спасат и да гласаат за уставните измени. Законот е политички пазар, ќе рече Ѓорчев.
Дали треба повеќе од ова да се каже? Треба ли коментар?