Лепа Брена славеше роденден. Таа го прослави својот 60 годенден,а честитки пристигаа од сите страни.
Прославата беше во кругот на најблиските од семесјтвото и пријателите.
Иако Брена планирала сама да подготвува ручек дома и да ги покани само нејзините синови и снаи, Боба имал поинаков план. Тој организирал прослава во нивниот ресторан, каде поканил десеттина свои најблиски пријатели.
Сам подготвил морска храна во која сите уживале. По вечерата им сервирал чоколадна торта, а сите на Брена најмногу и посакле добро здравје. Веднаш по тортата следувало изненадување.
Боба и пришол на Брена и и’ подарил скапоцен прстен.
Според зборувањата, прстенот чинел 10.000 евра. Брена потоа танцувала со Боба и тие се однесувале како тазе заљeубени тинејџери.