ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно со сончеви периоди

Претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а од пладневните часови облачноста ќе се намали. Од изутрина и преку денот ќе дува умерен, а особено долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.
r
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6 степени, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

До крајот на работната недела времето ќе се задржи стабилно и суво, а утринските температури постепено ќе опаѓаат. Во сабота од крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во недела ќе има врнежи од повремен дожд.

Пронајдете не на следниве мрежи: