ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно со сончеви периоди и услови за дожд

Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5 степени, а максималната ќе достигне и до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, а повремено наместа ќе има услови за слаб локален дожд. За време на викендот ќе започне да дува јужен ветер и дневната температура ќе биде во пораст.

Нестабилно време со нови поинтензивни врнежи проследени со грмежи се очекува во почетокот на следната седмица.

Пронајдете не на следниве мрежи: