Временска прогноза: Сончево со умерен ветер

Времето денес ќе биде сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од минус два до пет, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени Целзиусови.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 1 до 24 степени.
Под влијание на јужно струење следува период на топло време со умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Температурата на воздухот ќе биде над просекот за овој период од годината. Од понеделник ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд, особено во вторник.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.