Попладне пороен дожд

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.Попладне во западните делови ќе има краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 26 до 34 степени.УВ индексот ќе изнесува осум. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Температурите ќе се движи од 15 до 32 степена. Утре во попладневните часови во западните делови ќе има краткотраен пороен дожд и појава на грмежи.

Во вторник ќе има извесно преодно стабилизирање на времето.Од среда се очекува повторно нестабилно време со пороен дожд и грмежи.До среда дневните температури ќе бидат во пораст, а од четврток ќе бидат во опаѓање

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.