Времето денес облачно со дожд

Во целата земја времето денес ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. На места, особено во јужните и источните делови врнежите ќе бидат пообилни и проследени со грмежи.
Кон крајот на денот врнежите ќе престануваат. Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 15 , Крива Паланка 10, Берово 9, Маврово 4, Кавадарци 15, Охрид и Битола 11, Дојран 16 степени Целзиусови.
Прогнозата за утре е променливо облачно, попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Дневните температури ќе бидат во Скопје 17, Крива Паланка 14, Берово 13, Кавадарци 17, Маврово 9, Охрид 13, Битола 14, Дојран 18 степени. Од среда се очекува сончево и потопло време.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.