Времето денес сончево со ветер и пад на температурите

Управата за хидрометеоролошки работи соопштува дека и денес времето ќе биде сончево, но значително посвежо со умерена локална облачност. Ќе продолжи да дува силен северен ветер.
Минималната температура ќе се движи од 5 до 12, а максималната од 15 до 22 Целзиусови степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и значително посвежо со умерена локална облачност. Ќе продолжи да дува силен северен ветер, а максималната температура ќе се искачи до 18-от степен.
Од среда наутро темературата на воздухот значително ќе опадне, како утринската така и дневната. На некои места утринската температура ќе има услови да се спушти околу нулата.

Постепено затоплување се очекува кон крајот на неделата.

Пронајдете не на следниве мрежи: