Времето денес: топло со југоисточен ветер

Под влијание на јужно воздушно струење следува период на топло време со умерен, а повремено ќе дува засилен југоисточен ветер, особено во средината на неделата.
Во западните делови од земјата денес ќе има услови за краткотраен дожд. Брзината на ветерот од јужен правец ќе се засилува и се очекува да достигнува до околу 60 километри на час.
Температурата на воздухот ќе биде над просекот за овој период од годината. Од сабота се очекува воздушното струење да го промени правецот во северно и температурата да почне да опаѓа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.