Времето денес ќе биде сончево и топло, температурата до 30 степени

Времето во земјава денес ќе биде сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла. Утринската температура ќе се движи од 4 до 14, а дневната од 21 до 30 степени Целзиусови.
И во Скопје и колината, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 28 степени.
Периодот на претежно сончево и топло време продолжува. По одделни котлини ќе има услови за слаба утринска магла. Утринските температури ќе бидат во постепено опаѓање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.