Времето облачно со повисоки температури

Времето денес ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 2 до 10 степени Целзиусово.
И во Скопје ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со слаб ветер претежно од западен правец. Максималаната температура ќе достигне до 4 степени.
Наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени локални и слаби врнежи од дожд на пониските места, а на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег. Во втората половина од следната седмица се очекуваат пообилни врнежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.