Во Македонија денес времето ќе биде стабилно и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува и слаб ветер од променлив правец, кој во текот на денот од северен ќе премине во јужен. Максималните температури ќе се движат од 16 до 22 степени Целзиусови.
И во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 21 степен.