Времето утре значително посвежо време со засилен, повремено и силен северен ветер

Претежно облачно и значително посвежо време со засилен, повремено и силен северен ветер.

Ќе има и врнежи од дожд, особено претпладне, а во јужните делови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

УВ индексот ќе биде 4

УХМР издаде и предупредување за денеска:

Денес попладне, во вечерните и ноќните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.