Врескаа „каде се парите? а се сведовме на „мерцедесот“ и неслучени шамари

Врескаа „каде се парите?“, зборуваа за не знам какви изнесени милијарди, се изнаслушавме незаконски прислушувани разговори, а се сведовме на „мерцедесот“ и неслучени шамари.
Сега дојде животот и нема потреба ни од „бомби“, ни од фрлање куртони. Се е на виделина.
Терор врз уметници, цензура, судски прогон заради Фејсбук статуси, вработување на роднини и швалерки, милионски тендери за золви и баџанаци, газење на Устав и закон, царски и кацараски судски монтировки со тортура и закани, јавна ЕУ/НАТО поддршка за „балкански методи“ на прогон, уцена и поткуп, велепредавства од најстрашен вид, црни грчки фондови за поткупување македонски политичари и медиуми, поништување на волјата на мнозинството граѓани, најбрутално укинување на демократијата. И никому ништо.
И додека во Грција заради црните фондови ќе летаат глави на политичари, кај нас политичарите приматели на тие црни фондови ќе му кажат на судот чии глави на уметници, новинари, професори да летнат затоа што се неистомисленици, додека истовремено јавно се поткупуваат пратеници за да погазат волја на мнозинство и да укинат суверенитет на Република Македонија..

ФБ статус на Александар Русјаков

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.