Бургас: Убиен е познат бугарски бизнисмен!

Почина 54-годишниот бизнисмен Атанас Николов, познат по прекарот Багрито, два дена по бруталното претепување од страна на двајца мажи од населбата „Долно Езерово“.

Багрито, кој кон крајот на 1990-тите и почетокот на новиот век разви разновиден бизнис, главно поврзан со шпедиција, на 29 декември, околу 04:00 часот, беше нападнат со палка пред ресторан.

Уапсените се двајца мажи го удирале повеќе пати по главата и телото.

Багрито падна во кома, а во последните два дена лекарите се бореа за неговиот живот, но утрово тој почина во болница во Бургас.

Пронајдете не на следниве мрежи: