Кратките, ладни и тмурни денови, нè тераат да се заљубиме во колега. Барем така вели британското истражување, врз основа на одговорите на 2.000 вработени.
Причината или поводот се традиционалните новогодишни забави, на кои вработените се опуштаат, пијат некоја чаша алкохол повеќе и им се препуштаат на страстите.
Најголем број на испитаниците, дури две третини од нив, признале дека нивната романса почнала во текот на ладните денови, а за 30% од нив, пресудна била новогодишната забава, на која прв пат се бакнале.
Канцеларските „дружења“ се многу почести од што мислиме, бидејќи секој втор испитаник рекол дека во некој период од животот се забавувал со колега или колешка. 12% завршиле во кревет со претпоставениот.
Сепак, секој четврти шеф не сака да има разменување нежности низ ходниците, поради што 40% од заљубените колеги ги кријат своите врски, најдолго што можат. Но, всушност, тоа не е главната причина за мистерија, бидејќи една петтина од паровите на работа, имаат партнери надвор од работата.