Врска на далечина е кошмар за овие три хороскопски знаци

Поради моменталната состојба во светот, многу парови се принудени да ја одржуваат својата врска на далечина.
Сепак, за некои хороскопски знаци ова е далеку од идеално решение.
Близнаци
Припадниците на овој воздушен знак честопати се многу лош избор за врска на далечина, бидејќи се неодлучни и никогаш не сте сигурни што точно правите со нив. Понекогаш мислите дека сè е во ред, и тоа е далеку од вистината. На Близнаците им е многу лесно истовремено да бидат во две врски, без да се посомнева ниту еден од партнерите.
Лав
Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието, а ако не го добиваат од партнерот, вниманието ќе го побараат на друго место. Со оглед на тоа дека на далечина е многу тешко да покажете внимание, Лавот најверојатно веќе ужива во нечие ласкање. Во идеалниот свет на Лавовите, саканата личност мора да се „појави“ каде што тие сакаат, кога сакаат. Со врска на далечина, ова не е можно.
Водолија
Тие ја сакаат слободата и се уметнички души. Дружењето со пријателите често им е приоритет број еден, а кога нешто лошо ќе се случи или некој ќе ги повреди, тие прво ќе побараат утеха од партнерот. Ако станува збор за врска на далечина, тешко е да се предвидат такви ситуации, така што Водолијата може да се чувствува изневерена и повредена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.